среда, 17. јули 2019. Вести денес: 116
home Занимливости

Голема маза: Кога лавица ќе одлучи да се дружи со туристи (ВИДЕО)

Голема маза: Кога лавица ќе одлучи да се дружи со туристи (ВИДЕО)

Доказ дека дури и големите мачки се големи „мази“ е ова видео на кое се гледа како една возрасна лавица им приоѓа на група туристи, а потоа влегува во возилото со нив, сакајќи да се дружи.

Се чини дека на лавицата Фиља ѝ било здодевно излежувајќи се на сонцето во паркот во Симферопол, Крим, а наидувањето на туристи ја расположило, при што таа одлучила малку да се дружи со нив.

Прво му пришла на возачот, скокнала зад него и го станала од седиштето, а потоа се упатила и кон останатите патници за да ги “поздрави”.

На снимката, Фиља се однесува како вистинско домашно милениче, а не како диво животно. По дружењето и позирањето со туристите кои воодушевени правеле селфија, лавицата одлучила дека е време да се прости од гостите.

Сафари паркот Тајган е дом на повеќе од 50 лавови, а освен нив има и жирафи, мечки, ноеви, кенгури и други животни.

Погледнете го видеото: