петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Занимливости

Гол маж брка дива свиња , што му го украла лаптопот (ФОТО)

Гол маж брка дива свиња , што му го украла лаптопот (ФОТО)

Нудист од Берлин доживеа непријатност додека се сончал откако дива свиња му ја украде торбата во која го чувал лаптопот и избега со неа.

Човекот се фрли во лов на животното, додека другите нудисти го гледаа и гласно се смееја.

Актерката Адел Ландауер ја снимила необична ситуација во популарното одморалиште Тауфелсе и ја објави на Фејсбук.

„Природата возвраќа“, се пошегува таа, додавајќи дека и главниот лик на приказната се смеел.

„Тој даде се од себе. Му ги покажав фотографиите, се насмеа и ми остави да ги објавам“, напиша таа.

Коронавирус