среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 93
home Занимливости

Го ставил станот на оглас, а за еден ден го посетиле 1.700 заинтересирани станари- луѓето лудуваат по овој стан само поради една работа! (ВИДЕО)

Го ставил станот на оглас, а за еден ден го посетиле 1.700 заинтересирани станари- луѓето лудуваат по овој стан само поради една работа! (ВИДЕО)

Ако од какви било причини се прашувавте колку е тешко да се најде прифатлив стан во Берлин, тогаш преку ова видео би можело да ви биде појасно.

Неверојатни 1.749 луѓе на 24 ноември се појавиле пред стан со разумна цена кој сакале да го погледнат иако истиот бил огласен само еден ден порано.

Сместен во близина на градското собрание Шенеберг, двособниот стан со балкон на третиот кат од зградата од 1950-тите го привлече вниманието заради својата цена – тој се изнајмува за 550 евра месечно.

Во германската престолнина, а особено на оваа локација, тој е далеку под цената, така што никој не беше толку изненаден од интересот за станот.

Сепак, 1.700 луѓе не се очекуваа во исти ден. На прометната улица Меинингер каде се наоѓа станот, агентите за недвижнини им давале насоки на заинтересираните преку мегафон, а групи од 20 и 30 лица биле пуштени во станот за кратко време.

Многумина го опишаа гледањето на станот како катастрофа, додека други забележаа дека тоа едноставно ја одразува моменталната состојба на берлинскиот станбен пазар.

Сопственикот на станот, Ролф Хармс, за германските новинари вели дека пред да дозволи толку многу луѓе да извршат увид во станот за еден ден, тој веќе направил пред избор.

Тој дури и не дозволил оние што веќе бараа втор дом или високи приходи да дојдат да го погледнат станот.

Хармс најави дека ќе ги разгледа сите апликации и потоа ќе одлучи кој ќе го изнајми станот.