понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Занимливости

Го спуштија ковчегот во дупката, а потоа од него се слушна гласот на покојникот: Каде сум, пуштете ме! (ВИДЕО)

Го спуштија ковчегот во дупката, а потоа од него се слушна гласот на покојникот: Каде сум, пуштете ме! (ВИДЕО)

Погребите се обично тажни моменти каде роднините и пријателите се простуваат од саканите личности. Дека тоа не е секогаш така покажа еден Ирец кој на својот погреб оставил забавна порака и ги остави во солзи присутните, но не оние тажните солзи…

Ковчегот веќе бил спуштен во дупката, а роднините и пријателите наеднаш се стаписаа откако наеднаш слушнаа чукање на дрво.

Набрзо се појавил и гласот на починатиот: Ало каде сум? Ало има ли некој? Пуштете ме одовде!

Очигледно починатиот во договор со некој од семејството оставил аудио порака која беше пуштена за време на неговиот погреб, а следејќи ги реакциите на присутните станува збор за прилично забавна личност додека била жива.