четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 121
home Занимливости

Го посрамоти пред милиони гледачи: Водителот ги праша колку долго се заедно, одговорите воопшто не се поклопија (ВИДЕО)

Го посрамоти пред милиони гледачи: Водителот ги праша колку долго се заедно, одговорите воопшто не се поклопија (ВИДЕО)

Натпреварувачи во еден ТВ квиз имаа непријатен разговор пред милионскиот аудиториум.

Стив и Џеси му се придружија на водителот Вејн Брејди на сцената, како би му одговориле неколку прашања за себе, но работите не беа баш како што планираше Стив.

Кога Брејди ги праша колку време се заедно, Џеси веднаш почна да се смее, додека Стив мртов озбилен кажа дека се околу 6 месеци.

-О, па тоа е ново, се изненади водителот додека Џеси не го прекина.

-Ние сме пријатели. Само пријатели, но тој сака…, кажа Џеси на националната телевизија, а Стив сакаше да пропадне во земја од срам.

-Може ли за тоа да не збориме пред сите?, кажа Стив, додека Џеси не можеше да престане да се смее.

-Комплицирано е, додаде Стив, додека пак Џеси истовремено неколку пати повтори дека е сингл.

-Што?, изусти Стив и со тажен поглед ја испрати нејзината насмевка.

Водителот, се чини не сакаше да се меша, па едноставно заврти на друга тема, но Стив и Џеси добија големо внимание на социјалните мрежи.

Коронавирус