петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Го понижила бидејќи бил валкан: Кога и се претставил, зажалила во истиот момент и пропаднала во земја од срам (ФОТО)

Го понижила бидејќи бил валкан: Кога и се претставил, зажалила во истиот момент и пропаднала во земја од срам (ФОТО)

Дека изгледот лаже, доказ е следната приказна која стана вистински хит низ целиот свет.

Американецот Енди Рос од Ванковер во сојузната држава Вашингтон се соочил со несекојдневна ситуација кога во супер маркет една мајка го понижила пред нејзината ќерка само затоа што бил валкан, а на ќерка и и рекла дека мора да иде во училиште за да не изгледа како него.

Енди инаку е поранешен болничар кој сега работи како градежник, а тој ден се враќал од работа кон дома, па застанал во маркетот иако бил валкан.

Додека стоел во редот на касата, забележал дека девојче на околу 7, 8 годишна возраст бега од него, а потоа и слушнал како нејзината мајка и велела „поради тоа мораш да учиш училиште“, а потоа покажала со прст кон него.

-Прво јас сум многу валкан образовен човек , не само што имам средно образование имам и диплома од факултет, како и бројни сертификати. Претпоставувам дека не изгледам образовано поради мојот валкан изглед, а тоа е прилично глупаво. Второ ако и говорите на ќерка ви да остане на училиште поради тоа што имам тетоважи по рацете, тоа ќе постане нејзина креативност и желба. Повторно спротивно од вашиот став и размислување.  Последно, јас сам одбрав да работам во градежништво и горд сум што ја градам Америка и уживам во својата работа. Се обидов да работам во канцеларија, но тоа не е за мене. Сакам да работам со моите раце и да бидам природен, добро заработувам, имам платени придонеси и можам да заработам за своето семејство. Така да мојот изглед не се рефлектира на мојата интелигенција или образование, напиша Енди.