Тарин Брумфит е една жена која мајчинството сосем ја променило.
Нејзиното тело доживеало потполна трансформација, а таа себеси се мрзела поради тоа.
-Ти си дебела, ти си одвратна, си говорела таа себеси секое утро.
Нејзината самодоверба дошла во прашање кога станала мајка. Но таа никогаш немала некое претерано добро мислење за себе.
-Кога ги родив децата почнав да го мразам своето тело. Сакав рамен стомак и силикони. Меѓутоа, кога ќе ја погледнев мојата преубава ќерка се прашував каква порака би и пратил со тој потег. Како да ја убедам да се сака себеси таква каква што е, ако јас се однесувам различно, кажала Тарин која наскоро ги откажала сите операции.
Наместо силикони, таа станала мотивационен говорник, жена која заговара жените да се прифатат онакви какви што се.
-Почнав да тренирам. Имав желба да се натпреварувам. Тренирав неколку пати во ден и поставив строги правила. Изгубив доста килограми. Имав тело за какво жените мечтаат. Другите ми аплаудираа, но јас и понатаму се мразев, вели Тарин која конечно ја пронајде својата среќа.
Не водела избалсиран живот и одлучила тоа да го промени. После натпреварувањата, признанијата… почнала да се дебелее.
Тарин почнала да сфаќа дека би можела да го сака своето тело поради тоа што тоа тело може, а не како изгледа.
Кога слушнала како нејзините пријателки се жалат на својот изглед, ја сфатила разликата во сликата на телата „пред и после“. Добила голема поддршка од жени ширум светот.