среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Занимливости

Глетка од бајките: Цела населба се претворила во замрзнато кралство (ВИДЕО)

Глетка од бајките: Цела населба се претворила во замрзнато кралство (ВИДЕО)

Снежната бура која неодамна го погоди западен Њујорк создала глетка од бајките на езерото Ири.

Температурата се спуштила под нулата, а силните ветрови ги кревале брановите на езерото. Водата прскала во куќите на крајбрежјето и ги претворила во замрзнати палати.

Фотографиите снимени во Хамбург, град кој се наоѓа јужно од Бафало, прикажуваат домови оковани во мраз. Дрвата се исто така замрзнати.

„Добредојдовте во Нарнија“, напишал Џон Куцко на Твитер, а неговата објава покажува како изгледаат куќите.

Жителите навеле дека мразот им ги блокирал вратите и прозорците и дека поради тоа во домовите завладеала темнина.

Коронавирус