понеделник, 18. јуни 2018. Вести денес: 114
home Занимливости

Глетка која го крши срцето: Братот ја држи сестричката за рака, а неколку моменти подоцна се случи нешто страшно

Глетка која го крши срцето: Братот ја држи сестричката за рака, а неколку моменти подоцна се случи нешто страшно

Светот го расплака фотографија на која шестгодишниот Џексон Сутер ја теши својата две години помлада сестричка Адалин, неколку моменти пред да почине.

На Адалин и бил дијагностициран неоперабилен тумор на мозокот познат како ДИПГ, откако нејзините родители забележале дека потешко оди.

Минала 33 тури на зрачење кои требало да ги убијат ќелиите на ракот, но тие повторно се појавиле.

Семејството потоа ја ставило на експериментална хемотерапија во Мексико на што потрошиле повеќе 200.000 долари, но туморот продолжил да се шири.

На фотографијата која ја направил таткото на Адалин, Џексон ја милува својата сестра по челото, додека таа ја држи неговата друга рака.

-Детето не би требало да му говори збогум на својот партнер во криминалот, на своето друштво за игра, на својата најдобра пријателка, на својата мала сестра. Не требаше да биде вака, но ова е уништен свет во кој живееме, напиша таткото покрај фотографијата.

ДИПГ е доста редок вид на тумор, а е доста агресивен. Најчесто го имаат деца меѓу пет и десет години.  На Адалин и бил дијагностициран кога имала само две години па е еден од најраните забележани случаи. Се дијагностира на меѓу 200 и 300 случаи годишно во САД, а не е познато што го предизвикува.

Адалин и родителите Мет и Чандра забележала дека нивната ќерка чудно оди, па во декември 2016 година ја однеле на преглед.

-Нозете чудно и лулаа, па мислевме дека е нешто ортопедски, вели нејзината баба Ен.

-Откако лекарите утврдиле дека е во прашање ДИПГ, ни кажаа да уживаме со неа додека можеме, затоа што ќе почине, додава таа.