недела, 20. октомври 2019. Вести денес: 93
home Занимливости

Гледал квиз на телевизија и направил голем гест: Кај една натпреварувачка забележал нешто што подоцна и го спасило животот

Гледал квиз на телевизија и направил голем гест: Кај една натпреварувачка забележал нешто што подоцна и го спасило животот

Докторот Ерик Вот го воодушеви светот со својата постапка, тој спаси живот на една жена која ја видел на телевизија.

Имено, тој после работа гледал квиз од плажа на телевизија, кога кај една натпреварувачка забележал нешто чудно.

Никол Мекгинис, учесничка во квизот зборувала, а докторот забележал нешто на вратот што се помрднува.

-Се одмарав после работа, гледав преубави плажи на телевизија и дремев. Потоа забележав оток. Помислив „о Боже, таа можеби има медицински проблем“, изјавил овој оторинголаринголог.

Тоа не му давало мир, па на својот Фејсбук профил објавл детален опис од она што го видел со надеж дека ќе ја пронајде Никол.

Никол успеала преку социјалните мрежи да стапи во контакт со него, и отишла кај него каде испаднало дека има рак на тироидната жлезда.

-Според мене ова е чудо, тоа што успеа да тоа да го види на телевизија. Не можам да ја искажам својата благодарност, изјави таа.

Таа нагласила дека ниту нејзините лекари не го забележале она што Вот успеал да го забележи.