понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 55
home Занимливости

Ги прашаа Англичаните „Каде се наоѓа Хрватска“-одговорите зачудувачки!

Ги прашаа Англичаните „Каде се наоѓа Хрватска“-одговорите зачудувачки!

Во пресрет на вечерашниот полуфинален натпревар на Светското првенство во фудбал меѓу Англија и Хрватска во Москва, Би-би-си направи анкета меѓу неколкумина Англичани, кои требале на мапа да најдат каде се наоѓа Хрватска.

-Резултатите од испитувањето се многу „разочарувачки“ во однос на познавањата по географија кај „островјаните“, со 60 отсто точни одговори, пишува хрватскиот портал Индекс.

Првата испитаничка одговорила точно, оти и претходно знаела дека „Хрватска има долг брег”. Сепак, вториот анкетиран покажал на Словенија.

Следните двајца, пак, покажале на Албанија, а друг испитаник знаел дека Хрватска е спроти брегот на Италија.