сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 91
home Занимливости

Фотографија од милион и пол лајкови: Метеора во Грција го одзема здивот

Фотографија од милион и пол лајкови: Метеора во Грција го одзема здивот

На официјалната страна на профилот на Инстаграм, која има повеќе од 357 милиони следбеници, објавена е прекрасна фотографија од Метеора во централна Грција.

Високите карпи на Метеора, со група православни манастири, се наоѓаат на списокот на светско наследство на УНЕСКО и претставуваат една од главните туристички атракции во Грција.

„Поздрав од Каламбака. Сонуваме за ова мало село кое се наоѓа во подножјето на Метеора, во централна Грција. Метеора (во превод значи ‘оние кои лебдат’), позната е по комплексот манастири, кои се изградени високо на овие природни карпи“, пишува во описот на фотографијата.

Оваа прекрасна сцена ја овековечил берлинскиот уметник Фредерик Шиндлер, а веќе има околу 1,5 милиони лајкови.

Коронавирус