сабота, 3. јуни 2023. Вести денес: 53
home Занимливости

ФОТО: Живеела 122 години, правела се спротивно од она што и го кажувале докторите

ФОТО: Живеела 122 години, правела се спротивно од она што и го кажувале докторите

Тајната на својата долговечност, како што некогаш раскажувала, ја должела на тоа што го правела токму спротивното од она што и го кажувале докторите.

Жан Калмен од Франција имала 122 години и пет месеци кога починала во август 1997 година. Тогаш ја добила и официјалната титула најстарата личност кога некогаш живеела.

Таа пушела, пиела алкохол, најмногу црно вино, јадела слатки и црвено месо. За појадок секогаш пиела по чаша, две кафе.

Кога наполнила 111 години, Жан станала најстарата личност во Франција, а со 113 најстара во светот.

Со 114 години таа била најстарата личност која се појавила во филм, благодарение на улогата во „Винсент“. Кога наполнила 116 години била првата личност за која е забележано дека ги доживеала тие години, а со 120 објавила музички албум наречен „Љубовница на времето“.

Официјалната титула најстарата личност која некогаш живеела ја добила на 122 години.

Често јадела говедско, оброците и биле зачинети и силни, а по ручекот знаела да запали цигара и да се напие некоја часа алкохол.

Кога наполнила 85 години, започнала да станува во 6:45 часот и секое утро кажувала молитва. Додека седела во фотелја, правела вежби, а по тоа се туширала и мачкала со маслиново масло.

Жан во 1896 години се омажила за Фернандо Калмен со кого била во брак се до неговата смрт во 1942 година. Имале едно дете. До својата 109-та година живеела сама во својата куќа, а потоа се преселила во старечки дом.

Починала во август 1997 година, речиси целосно слепа, но со оглед на годините кои ги доживеала била релативно здрава.