недела, 11. април 2021. Вести денес: 32
home Занимливости

ФОТО+ВИДЕО: Ветеринари со мајонез спасиле отруени желки

ФОТО+ВИДЕО: Ветеринари со мајонез спасиле отруени желки

Желки кои се спасени откако биле прекриени од нафта на израелски брег, добиваат мајонез како лек.

Надлежните од Национиот центар за спасување на морски желки велат дека мајонезот помага во прочистување на дигестивниот тракт кај ова животно. Излевањето на нафтата во областа е една од најголемите забележани еколошки катастрофи во Израел. Официјалните лица ја испитуваат причината поради која нафтата се излеала.

Илјадници волонтери и војници помагаат лепливата супстанца да се отстрани. Јанив Леви кој е основач и директор на Националниот центар истакнал дека успеале да спасат 27 желки.

-Сите имаа катран на главата, во очите, носевите, устите, дигестивниот систем и стомакот. Без терапија имаа мали шанси за преживување. Го отстранивме карантинот од нивните носеви и очи за да можат да гледаат и дишат, објаснува Леви.

Користеле билно масло, а потоа мајонез за да го отстранат катранот од страните во желудникот и цревата.

-Стигнаа прекриени со катран. Во душниците исто така имаа. Им дадовме мајонез за да им се исчисти дигестивниот систем и да се исфрли катранот, изјавил медицинскиот асистент Гај Ивги.

Во следните недела или две се очекува целосно закрепнување и потоа животните ќе бидат вратени во вода.

Најнови вести

Коронавирус