сабота, 17. август 2019. Вести денес: 76
home Занимливости

ФОТО: Свадбените подароци на млад брачен пар од Охрид се претворија во играчки за деца

ФОТО: Свадбените подароци на млад брачен пар од Охрид се претворија во играчки за деца

„Цвеќињата и бонбоните нека се во форма на детски играчки за да ги израдуваме дечињата од дневните центри“, пишуваше на свадбените покани на Александра и Љупчо кои ја реализираа свадбената веселба на 05 Мај 2019.

Нивната љубов започнала токму на хуманитарна акција кога и двајцата биле волонтери.

Собраните играчки денес ги донираа во Дневниот центар „Зраци“,  дневниот престој „Добротољубие“  и во детското одделение при Општата болница Охрид. Заедно со тетка Анета на дечињата им подарија ден исполнет со љубов, радост и желби за многу здравје.

Им посакуваме вечна љубов и дар од Бога.