понеделник, 10. август 2020. Вести денес: 157
home Занимливости

ФОТО: Шолји кафе поставени на местото на геноцидот во Сребреница

ФОТО: Шолји кафе поставени на местото на геноцидот во Сребреница

8.372 шолји кафе се поставени на местото каде во јули 1995 година беше извршен геноцидот во Сребреница во кој страдаа преку 8 илјади Бошњаци.

Овие кафиња кои ќе останат неиспиени се дел од уметничката поставка наречена „Што те нема“ на уметницата Аида Шеховиќ, која дава малку поинаков поглед на бројот на жртвите од геноцидот, како и за емоциите на нивните семејства и блиски кои останале без своите најмили.

Со уметничката инсталација започнала пред 15 години кога, откако ја слушнала приказната за жена од Сребреница, која раскажала како нејзиниот сопруг, кого го изгубила за време на геноцидот во Сребреница, најмногу и’ недостасувало кога требало да пијат кафе.

Исто така група на луѓе стоеше на плоштадот во Белград од 19 часот и 30 минути држејќи транспаренти со бројот на жртви и со натписот „Одговорност“.

На себе, тие носеа бели шалови, а на земјата оставија бели ружи во знак на сеќавање на жртвите. Активистите чиј перформанс траеше еден час рекоа дека ова е нивен начин да им оддадат почит на сите кои го загубиле животот во Сребреница.

Коронавирус