недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

ФОТО: Семејство нуди работа на Бахамите -Пар треба да им го чува имотот, но тоа не е се

ФОТО: Семејство нуди работа на Бахамите -Пар треба да им го чува имотот, но тоа не е се

Богато семејство од Флорида, плаќа околу 120.000 годишно за пар кој ќе се грижи за нивниот приватен остров на Бахамите.

Ако сакате островски живот, а немате пари за тоа – оваа можност може да биде идеална. Семејство од Флорида бара искусен пар кој ќе стане долгогодишен член на тимот, кој ќе им помогне во управувањето со нивниот имот на Бахамите.

Парот ќе ги ужива погодностите на вработување, вклучено сместување, здравствена заштита и стоматолошки бенефиции, како и автомобил предвиден за работните задачи.

Нивната основна работа вклучува и работа на голем имот на Флорида кој се состои од три куќи, девет купатила и имот на Бахамите каде има четири куќи со по четири спални соби во секоја од нив.

Повремено парот ќе пречекува и гости на аеродром. Работата подразбира и извршување на домашни работи како одржување на хигиена, перење алишта, пеглање. Работното време е од понеделник од петок од осум наутро до пет попладне, со повремени викенд ангажмани кои би се плаќале како прекувремена работа.

Кандидатите треба да имаат дозвола за работа во САД и возачка дозвола.

ЕУРО 2020

Македонија