понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Занимливости

ФОТО: Се реставрира саркофагот на Тутанкамон

ФОТО: Се реставрира саркофагот на Тутанкамон

Саркофагот на египетскиот владетел Тутанкамон е подложен на реставрација првпат по откривањето во 1922 година. Потоа, наредната 2020 година, украсниот ковчег на младиот фараон, заедно со други предмети, поврзани со неговото владеење, ќе бидат изложени во новиот голем музеј.

Египетските власти и вчера го изложија позлатениот саркофаг на Тутанкамон пред јавноста.

Обновувањето почна кон средината на јули кога ковчегот беше префрлен од гробницата од Долината на Кралевите, во јужен Египет, во Големиот египетски музеј во Каиро. Реставрацијата ќе трае осум месеци.

Тутанкамон е можеби најславниот египетски фараон, благодарение на британскиот археолог Хауард Картер, кој во 1922 година ја откри неговата недопрена гробница.

„Детето фараон” – Тутанкамон бил син на Екнатон и веројатно на неговата далеку пославна сопруга – владетелката Нефертити. Младиот владетел седнал на престолот на девет години, а починал десет години подоцна од маларија.

На почетокот на јули, Египет побара од Интерпол да се пронајде портретот на Тутанкамон, стар 3.000 години, што беше продаден во Лондон за 5,3 милиони евра, и покрај противењето на Каиро.