понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 67
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Занимливости

ФОТО: Првите „џорданки“ продадени за сума од над половина милион долари

ФОТО: Првите „џорданки“ продадени за сума од над половина милион долари

Првите патики на кошаркарската легенда Мајкл Џордан, кои ги носел во дебитантската сезона во 1985 година беа продадени за неверојатни над половина милион долари.

Славните црвено-бели „џорданки“ од колекцијата „Ер Џордан 1“ биле продадени на аукција за 560.000 долари, а ги купил неименуван колекционер после аукцијата која ја организирала аукциската куќа „Сотби“.

Ги продал досегашниот сопственик Џорди Гелер.

„Одлучив да ги продадам баш во време на документарецот ‘последниот танц’ (документарец за последната сезона на Џордан во Чикаго Булс – н.з.). Мислам дека беше вистинско време“, рече Гелер.

Коронавирус