Хрватската полиција запрела возилo кое од десната страна напред и позади немало пневматици.
Според наводите на полицијата, овој случај е регистриран на 3 мај, а пријавата полицијата ја добила од загрижени граѓани.
По запирање на автомобилот, полицијата утврдила дека 44 годишникот возилото го возел под дејство на алкохол, а измерени му биле 2,23 промили алкохол во крвта.
Со оглед дека возачот бил осудуван за исти или слични прекршоци, бил уапсен и сместен во посебна просторија до трезнење.
Изречена му била и парична казна од околу 1.600 евра како и мерка забрана за управување со моторно возило во времетраење од три месеци.