сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 21
home Занимливости

ФОТО: Отишла на рибен педикир, но не ни помислила дека може да остане без прсти на стапалото

ФОТО: Отишла на рибен педикир, но не ни помислила дека може да остане без прсти на стапалото

На Викторија Кархојз од Австралија докторите морале да ѝ ги ампутираат сите пет прсти на ногата поради бактерија со која се заразила во рибен спа центар во Тајланд.

Имено, Викторија првата незгода со стапалата ја имала во 2006 година, кога стапнала на стакло и го исекла ножниот палец. Не чувствувала болка па не ни ја забележала повредата. Кога конечно ја воочила, веќе било многу доцна, инфекцијата ја зафатила коската, па докторите морале да ѝ ампутираат дел од палецот.

Четири години подоцна Викторија отишла на одмор во Тајланд и посетила еден рибен спа центар во кој риби ја отстрануваат мртвата кожа од стапалата и ја подобруваат циркулацијата.

Меѓутоа, наместо убави стапала Викторија добила уште една инфекција, од бактеријата која од водата се провлекла низ раната од операцијата.

„Никогаш не би помислила дека вакво нешто може да се случи. Гледав како сопственикот на салонот го подготвува аквариумот со риби, сè изгледаше чисто“, раскажала Викторија.

„Година дена движењето без ножен палец предизвика плускавци на другиот прст. Имав голема плускавица на врвот, но немав поим дека под него се раширила нова инфекција“. Овој пат докторите ѝ го одсекле прстот и останала со три прсти на стапалото.

„Следните две години бев сосема здрава, мислев дека добро поминав бидејќи сè уште ја имам ногата и продолжив со животот. Но, потоа повторно почнаа мачнините“, вели Викторија.

Кон крајот на 2016 година ампутирани ѝ биле и третиот и четвртиот прст, но ѝ го оставиле малиот прст. „Со оглед на тоа дека ми остана само најмалиот прст, додека се движев постојано го удирав. Минатата година забележав дека и тој прст изгледа сè полошо. После нови истражувања дијагностицирана ми е нова инфекција и го отстранија и тој прст“, се потсетува Викторија.

Коронавирус