среда, 12. август 2020. Вести денес: 182
home Занимливости

Уште поголем бакшиш:100.000 долари за вработениот во „Старбакс“ кој одби да послужи жена без маска

Уште поголем бакшиш:100.000 долари за вработениот во „Старбакс“ кој одби да послужи жена без маска

Продавач вработен во „Старбакс“  беше вербално нападнат од жена затоа што одбил да ја послужи бидејќи таа не носела маска, па поради тоа добил бакшиш од 80.000 долари по овој чин.

Лен Гутерез (24) работел за време на неговата вообичаена смена во „Старбакс“ продавницата во Сан Диего кога влегла гостинка без маска на лицето.

Кога ја прашал дали има маска таа веднаш почнала да го навредува и пцуе. Таа веднаш објавила по социјалните мрежи слика од продавачот Гутерез и пишала дека била одбиена во „Старбакс“ затоа што не носела маска.

Жената се надевала деа ќе добие симпатии од читателите но се случило токму обратното. Голем број од коментарите биле критики на нејзина сметка, дури еден од сведоците решил да му помогне на Лен преку популарниот сајт за донации „Гофандми“.

Онлајн кампањата, која имаше цел да достигне  до 1.000 долари, многу брзо ја надминала бројката па во наредните денови достигнала и повеќе 100.000 долари.

А трендот за неносење маски продолжува и кога друга незадоволна жена се огласила во маркет „Трејдер Џоус“ бидејќи ја одбиле да ја послужат затоа што и таа не носела маска.

Коронавирус