среда, 8. јули 2020. Вести денес: 1
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Занимливости

ФОТО: Нови мапи откриваат како изгледал осмиот континент кој се наоѓа под Пацификот

ФОТО: Нови мапи откриваат како изгледал осмиот континент кој се наоѓа под Пацификот

Научници уште во 2017 година, го потврдиле постоењето на осмиот континент Зеландија, под Нов Зеланд и водата која го опкружува, но заради фактот дека 94 % од континентот односно пет милиони квадратни километри се наоѓаат под вода, мапирањето било многу отежнато.

Сега се објавени карти кои многу прецизно го прикажуваат осмиот континент Зеландија, откривајќи го и обликот и начинот на кој е настанат од пред повеќе милиони години.

Исчезнатиот осми континент се крие околу илјада метри под површината на јужниот Пацифик, а научниот институт за геолошки и нуклеарни истражувања “GNS Science” во Нов Зеланд објавиле карти на интерактивниот сајт, со кои се овозможува негово виртуелно истражување.

-Ги направивме овие мапи за да овозможиме попрецизна, покомплетна и поактуелна слика на геолошките карактеристики на подрачјата на Нов Зеланд и областа југозападен Пацифик како никогаш до сега, изјавил во соопштение Ник Мортимер, кој управувал со целокупниот проект.

Подрачјето на Зеландија опфаќа површина од околу пет милиони квадратни километри, што одговара на половина од површината на Австралија, додека сите 6 % од континентот се наоѓаат над водната површина. Се работи за дел кој ги поврзува Северниот  и Јужниот остров на Нов Зеланд и островот Нова Каледонија. Остатокот е под вода и заради тоа е тешко да се измери континентот.

На нејзе исто така се прикажани и обали, територијални граници и називите на најважните подводни карактеристики. Картата е дел од глобалната иницијатива за мапирање на целокупното океанско дно до 2030 година.

Парламентарни избори 2020