недела, 18. август 2019. Вести денес: 66
home Занимливости

ФОТО: Лидерот на една од најмоќните банди се маскирал во својата ќерка тинејџерка за да побегне од затвор

ФОТО: Лидерот на една од најмоќните банди се маскирал во својата ќерка тинејџерка за да побегне од затвор

Лидер на банда од Бразил се обидел да побегне од затвор така што се маскирал во својата ќерка.

Клаувино да Силва, познат како „Краткиот“, за време на посетите во неделата се облекол како својата 19-годишна ќерка, во тесни џинс панталони и розова маица со слика од крофна, и ставила долга, црна перика и силиконска женска маска на главата.

Планот бил Клаудино наместо својата ќерка да излезе од затворот, кој се наоѓа во западниот дел на Рио Де Жанеиро, а тинејџерката да остане внатре. Меѓутоа, ваквиот обид за бегство не успеал.

Стражарите рекле дека го издало тоа што бил нервозен и сакал да излезе надвор. Полицијата истражува дели ќерката на Клаувино учествувала во заговорот за бегство.

 

Затворските власти објавиле фотографии од маскираниот Клаувино, како и снимка на која се гледа како тој ја вади маската и облеката и го изговара своето целосно име.

Клаудино да Силва бил еден од лидерите на Црвената команда, една од најмоќните криминални групи во Бразил која ја контролира трговијата со дрога во големиот дел на Рио. По неуспешниот обид за бегство Клаувино бил преместен во затворската единица со максимално обезбедување и му следат дисциплинарни мерки.