понеделник, 24. септември 2018. Вести денес: 147
home Занимливости

ФОТО: Како изгледа Перо Антиќ кога ќе го порачаш од Али Експрес?

ФОТО: Како изгледа Перо Антиќ кога ќе го порачаш од Али Експрес?

За македонскиот кошаркар, Перо Антиќ одамна важи дека е омилен лик како кај српските новинари, па така и кај сеирџиите од соседството, кои денеска искористија една обична фотографија од вчерашниот меч на Црвена звезда со Тамиш да направат „меме“ кое веднаш стана вирално и причина за насмевки кај сите што го имаат видено.

Станува збор за заедничка фотографија на Антиќ со новиот плејмејкер на црвено-белите, Филип Човиќ, кој со својот имиџ потсетува на македонскиот кошаркар. Двајцата имаат иста „фризура“ и имиџ со слична брада, со тоа што нашиот интернационалец е триесетина сантиметри повисок и исто толку килограми потежок од својот „двојник“, пренесува Спорт1.