петок, 7. август 2020. Вести денес: 139
home Занимливости

ФОТО: Јапонски астронаут пораснал за девет сантиметри на МВС

ФОТО: Јапонски астронаут пораснал за девет сантиметри на МВС

Јапонскиот астронаут Норисиге Канаи напишал на Твитер дека за три седмици, колку што престојува на Меѓународната вселенска станица, тој „пораснал“ за цели девет сантиметри.

– Ги минав медицинските прегледи, односно мерењата на физичките параметри. И, се покажа дека мојот раст се зголемил за цели девет сантиметри. Толку сум пораснал за три седмици… Сега не знам дали ќе ме собере во капсулата што ќе ме превезе дома, се пошегува Канаи.

Јапонската агенција за аеровселенски истражувања (ЈАХА) појаснува дека во Вселената, растот на еден човек обично се зголемува за еден до два сантиметра, поради немањето гравитација.

Рускиот космонаут Антон Шкаплеров, Американецот Скот Тингли и Јапонецот Канаи пристигнаа на МВС на 19 декември 2017 година.

Коронавирус