вторник, 19. март 2019. Вести денес: 113
home Занимливости

ФОТО: Интернетот полуде по „дијамантскиот авион“ на „Emirates“

ФОТО: Интернетот полуде по „дијамантскиот авион“ на „Emirates“

Авиокомпанијата „Emirates Airline“ го збуни интернетот со фотографија на која еден од нејзините авиони е опточен со дијаманти.

Во објавата на Twitter со наслов „Ви го претставуваме авионот  Bling’ 777“ авиокомпанијата нагласи дека фотографијата е дело на Сара Шакил, која е позната по фотошопирање на познати знаменитости и симболи на модерната поп-култура.

Иако „Emirates“ јасно ставија до знаење дека се работи за фотошопирана фотографија, корисниците на социјалните мрежи веднаш поверуваа дека фотографијата е вистинска и удрија на критикување на авиокомпанијата од Дубаи.

Едни беа згрозени дека луѓе гладуваат додека авиокомпанијата се фали со дијамантски авион и сериозно загрижени за безбедноста на луѓето кои би летале со тој авион.

Една корисничка на Twitter дури праша: „Нели ова би пречело на аеродинамиката на авионот и би се одразило на безбедноста на патниците?“

Други ја свртија на шега и пишуваа дека не би било лошо да се одлепи некој дијамант и да падне од небото, а се огласи и аеродромот Dulles со порака „Ќе ве известиме ако најдеме некој паднат дијамант“.