вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 124
home Занимливости

(ФОТО) Го намирисало полициско куче: Се обидел да прошверцува печено прасе во куфер

(ФОТО) Го намирисало полициско куче: Се обидел да прошверцува печено прасе во куфер

Печено прасе во куфер, па на авион. За среќа или несреќа прасето не стигнало на саканата дестинација.

Овој несекојдневен настан се случил на аеродромот во Атланта. Благодарение на полициското куче Харди, полициски и царински службеници на аеродромот во Атланта заплениле цело печено прасе спакувано во куфер.

Багажот му припаѓа на маж од Еквадор. Кога полицајците му наредиле на човекот да го отвори куферот имале што да видат – прасенце спакувано во алуминиумска фолија.

Според прописите, прасето е фрлено, зашто во САД не е дозволено да се внесува прасечко месо и свински преработки поради превенција од свинска чума.

Кога влегувате во САД, мора да се пријави сета храна што ја носите со себе.