недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 105
home Занимливости

ФОТО: „Чудовиште“ од морските длабочини пронајдено на самиот брег – научниците се обидуваат да дознаат како тоа се случило!

ФОТО: „Чудовиште“ од морските длабочини пронајдено на самиот брег – научниците се обидуваат да дознаат како тоа се случило!
Foto: Ben Estes/Facebook/Crystal Cove State Park

Посетители на една плажа во Калифорнија изминатата недела останаа затечени од она што го видоа на самиот брег. Имено, парот кој се шетал наишол на „чудовиште“, односно морска риба која што живее во морските длабочини.

ОИвој вид на риба е познат по израстокот на главата кој свети и со кој ги привлекуваат останатите риби, а необично е тоа што истата живее во длабочините на морето и чудно е што завршила на самиот брег.

Foto: Facebook/Crystal Cove State Park

-Овие риби живеат на големи длабочини и навистина ретко можат да бидат забележани. Доста е чудно што една таква е пронајдена на површината. Се обидуваме да дознаеме како тоа се случило, соопштија научниците.

Во понеделникот рибата била замрзната, но се уште не се знае каде истата ќе биде чувана.

Foto: Facebook/Crystal Cove State Park

Научниците велат дека овој вид на риба не е загрозен, но фактот што истата е пронајдена на површина е нешто необично.

ЕУРО 2020

Македонија