петок, 23. јули 2021. Вести денес: 62
home Занимливости

ФОТО: Цел свет ја дозна дека родила 10 деца, па ја открија дека лаже – сега државата ја казни на најстрог можен начин!

ФОТО: Цел свет ја дозна дека родила 10 деца, па ја открија дека лаже – сега државата ја казни на најстрог можен начин!

Откако неодамна во светските медиуми се прошири приказната за жена од Јужна Африка, која тврдеше дека родила 10 бебиња, се покажа дека станува збор за измислица.

Имено, Госијаме Ситоле тврдеше дека родила седум момчиња и три девојчиња во Преторија на почетокот на овој месец. Но, сомнежите во нејзината приказна се појавија кога нејзиниот сопруг Тебохо Цотеци изјави дека не видел новороденчиња и ја обвини сопругата за лага.

Потоа Ситоле била сместена во психијатриска болница.

Измислицата на Госијаме била откриена откако владини претставници спровеле истрага и дознале дека лекарите од околната болница не забележале породување со десет бебиња. Според истражителите, „утврдено е и дека таа не е воопшто бремена“, кога било во последно време. Ситоле сега е во душевна болница под надзор.

Покрај тоа, владата ќе покрене и тужба против Пиет Рампеди, уредник на „Преторија њуз“, од каде што приказната се прошири низ светот. Весникот се извини затоа што не биле проверени тврдењата на жената.

Коронавирус