петок, 25. септември 2020. Вести денес: 109
home Занимливости

Фатен крокодил: Ѕверот е долг 4,4 метри и тежок 350 килограми

Фатен крокодил: Ѕверот е долг 4,4 метри и тежок 350 килограми

Морски крокодил долг 4,4 метри и тежок 350 килограми е фатен во природен парк во австралиската држава Северна Територија.

Животното веќе е префрлено во една фарма за крокодили, каде ќе учествува во програма со цел размножување на овие животни.

Овој мажјак е фатен во реката Флора, 120 километри југозападно од градот Кетрин, и се смета дека токму тој е најголемиот крокодил досега уловен во таа река.

Како што наведува „Асошиејтед прес“, во Австралија тие се одгледуваат во специјализирани фарми поради месо и кожа.

Коронавирус