вторник, 13. ноември 2018. Вести денес: 1
home Занимливости

Факти за домашниот тест за бременост кои досега не ви ги кажале

Факти за домашниот тест за бременост кои досега не ви ги кажале

Каснењето на меструацијата е еден од првите и глави симптоми за бременост. Кога тоа ќе се случи, многу жени веднаш купуваат тестови за бременост во аптеките, воопшто не читајќи го упатството. Меѓутоа, постојат некои информации кои не ги пишува, а се важни за секоја жена.

Сите тестови за бременост ја морат истата работа

На пазарот можат да се видат десетици видови, но без обѕир кој бренд ќе го одберете, секој тест ја мери истата работа – гонадотропин, хормонот за бременост. Тој во телото постои кога не сте бремени, но кога ќе дојде бременост, неговата количина во крвта и урината почнува да расте. Ако достигне до ниво од 25 mIU/ml, тестот е позитивен.

Тестот се прави наутро

По спиење во континуитет, хормонот се собира во урината, затоа тестот направен наутро и со првото мокрење е најверодостоен.

Цената не кажува ништо

При купувањето немојте да ја гледате цената, зашто скапите тестови не се попрецизни. Како што нагласивме и на почетокот, сите тестоти го покажуваат истото. Кај поголемиот број од нив прагот од 25 единици е показател на бременоста, додека кај другите може да биде понизок.

Вашата здравствена состојба може да влијае на резултатите од тестот

Одредени леков, обично оние кои се користат за подобрување на плодноста содржат HCG и можат да го зголемат нивото на хормоните во урината доволно за тестот да биде позитивен, а всушност да не сте бремени. Во ретки случаи пореметувањето на хипофизата и туморот на јајниците, исто така, може предизвикаат зголемување на хормоните за бременост.