недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 33
home Занимливости

Еве како да престанете да ја апсорбирате негативната енергија од другите

Еве како да престанете да ја апсорбирате негативната енергија од другите

Често се соочуваме со личности кои шират негативна енергија. Она чувство кога нивната емоционална состојба влијае на вас психички, па дури и физички.

Но постојат неколку начини за да ја избегнете апсорпцијата на негативната енергија и да се поштедите самите себе.

Престанете да им удоволувате на луѓето

Не може на секого да се допаѓате. Не можете на секого да удоволите. Луѓето имаат различни мисли и желби, а вие не можете баш на сите да им ги исполните. Наместо тоа, сконцентрирајте се на себеси – што е она што вие сакате да го постигнете и работете на остварување на вашите цели. Бидете културни кон сите и имајте почит за сите, но прво ценете се себеси.

Научете да кажете „НЕ“

Да бидете великодушни е одлична особина, но мора да постојат граници. Доколку тие граници се поминати, тогаш веќе се работи за злоупотреба. Поставете ги тие граници и почитувајте ги. Во спротивно, ќе чувствувате како некој постојано да ве користи. Вие одлучувате.

Не го хранете „ѕверот“

Доколку не ги почитувате горенаведените совети, постојано вие ќе бидете жртвата на нечиво некоректно однесување. Тоа ќе доведе до немање доволно енергија и истрошеност. Добро е да сослушате и да се обидете да помогнете, доколку сте во можност, но не на луѓе кои вашето внимание го користат за да ја задоволат својата потреба за постојано внимание. Не е ваша задача да ги решавате туѓите проблеми, особено ако тие самите немаат волја да ги решат.

Вратете и се на природата

Понекогаш ни треба одмор од се и секого. Не ја занемарувајте моќта на природата. Бегство во природниот свет позитивно ќе влијае на вашата психичка состојба, а и ќе си го добиете заслужениот одмор и ќе си ги наполните батериите. Дозволете звуците на природата да ги заменат звуците на хаосот од модерното живеење.

Запомнете кој е одговорен за вас самите

Вие сте единствените кои можете да кажете како се чувствувате. Вие сте комплетно одговорни за влијанието на емоциите и мислите врз вашата генерална состојба. Кога ќе научите да не се грижите за работи над кои немате моќ и ќе си ја ставите сопствената среќа на прво место, ќе и дозволите на позитивната енергија да завладее со вас.

Најнови вести

Коронавирус