недела, 20. јуни 2021. Вести денес: 57
home Занимливости

Џои доби втора шанса за живот: Изведена првата успешна трансплатација на лице и рака (ФОТО+ВИДЕО)

Џои доби втора шанса за живот: Изведена првата успешна трансплатација на лице и рака (ФОТО+ВИДЕО)

Џои ДиМео имаше страшна сообраќајна несреќа во 2018 година. Лекарите во Њујорк ја извршија првата успешна трансплантација на кожа на лицето и рака во светот. Џои ДиМео, 22-годишен маж, минатиот август беше подложен на 23-часовна операција, изведена од тим од 140 здравствени работници.

Во 2018 година, ДиМео претрпе изгореници на повеќе од 80 проценти од површината на неговото тело во сообраќајна несреќа.

Ампутирани му беа врвовите на прстите и остана без усните и очните капаци. Тој рече дека операцијата му дала „втора шанса за живот“, пишува Би-Би-Си.

ДиМео се враќал дома од ноќната смена кога заспал зад воланот, а по судирот неговиот автомобил се запалил. Поминал четири месеци во болница, а добар дел од тоа време беше во индуцирана кома. ДиМео имал повеќе од 20 реконструктивни операции и може само делумно да ги користи рацете и нозете.

Во 2019 година тој бил испратен во Академскиот медицински центар во Њујорк, каде минатиот август бил подложен на трансплантација на кожа.
– Сакавме да му обезбедиме операција која не само што ќе му обезбеди естетско решение, туку и ќе ја врати функционалноста на неговите прсти, рече Едуардо Родригез, директор на Програмата за трансплантација на лице.

По операцијата, ДиМео поминал 45 дена на интензивна нега и уште два месеци во болница, каде морал да научи како да ги отвори очните капаци и да ги користи рацете. Претходно биле извршени две трансплантации на лице и рака, но не успеале. Едниот пациент починал од компликации, а на другиот му биле отстранети рацете бидејќи не се опоравиле, соопштија од болницата.

Лекарите во болницата чекале да се осигурат дека трансплантациите во случајот ДиМеа биле успешни пред да го соопштат резултатот.

Родригез вели дека ДиМео, кој поминува до пет часа на ден во рехабилитација, е „најмотивираниот пациент“ што некогаш го сретнал.
– Тој сака да спортува, сака да игра голф и сака да се врати на теренот. Јас секогаш сум импресиониран од количината на тежина што може да ја крене и силата на неговото ракување – додаде тој.

ДиМео вели дека сега може да вежба и да подготвува појадок самостојно.

– Ова е подарок кој беше примен еднаш во животот и се надевам дека е пријатно за семејството на дарителот на органи да знае дека дел од него живее како дел од мене. Јас и моите родители сме многу благодарни што ја добив оваа втора шанса – рече тој.

ЕУРО 2020

Македонија