понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 27
home Занимливости

Џаро: Полесно ми беше во притвор во Сплит кога ме теретеа за 22 наместени натпревари

Џаро: Полесно ми беше во притвор во Сплит кога ме теретеа за 22 наместени натпревари

Поранешниот менаџер Џаро за кого многумина коментираат дека е жива легенда според возраста, спаѓа во ризичната група, па вели заради тоа од дома не е мрднат месец и кусур. Седејќи дома се потсетил на притворот во Сплит од 1987 година, а случката ја споделил на неговиот нов сајт – dzaro.mk.

-Во ризична група сум нели, на 20 март наполнив 71 година. Не дека не го поддржувам карантинов, не е за џабе измислен. И што е за мене еден месец карантин кога сум бил и повеќе? Во морски карантин. Во Сплит, во 1987 година бев три месеци во притвор затоа што ме теретеа за 22 намесетени натпревари. Е, тоа е карантин. Ама овој некако како полошо да ми дојде. Таму имаше фешти секој ден. Затоа, на моите дома им реков: Подобро ми беше во затвор во Сплит отколку во овој карантин сега. Ќе помине и ова. Чувајте се, вели Џаро.

Џаро на својот сајт раскажува и една спортска приказна.

-Во ова време невреме кога сме гладни за еден добар фикс и за маратонско седење во кладилница, еве една спортска приказна.

Од 1995 до 1999 година бев директор на ФК „Слога Југомагнат“. Од локален второлигаш, „Слога“ во мое време три пати стана првак на Македонија и освои Куп.

Кога Рафет Муминовиќ ми понуди да бидам директор на клубот го прашав дали е свесен дека трошокот на еден добар клуб е од 700.000 до милион марки годишно. Ми рече дека е подготвен на ова и дека со мене на чело очекува не само да влеземе во прва лига, туку и да станеме шампиони.

Така некако и беше. Влеговме во прва лига, и завршивме трети на табелата . Прв беше „Силекс“, втор „Вардар“.

Го паметите големото дерби помеѓу „Слога“ и „Вардар“ за Куп на Македонија. Се одигра на 23 мај во 1996 година на Градскиот стадион. „Ова ќе биде најголемото дерби на сите времиња. Веќе не е дерби Вардар- Пелистер, туку е дерби Слога-Вардар“, ова го изјавив во една дебата на телевизија и додадов: „За да нема тепачки помеѓи навивачите, Шверцери и Комити, треба сосема да се одвојат и да се продаваат два типа на влезници, едни сини, а едни црвени“.

.Директорот на „Вардар“, Драгче Томовски кој беше со мене во дебатата, жестоко ме нападна. Од тогаш, станав црна овца и за Комитите, тие многу ме замразеа. А сакав само мирен натпревар.

„Јужната трибина е почесно место за старите Вардаци. Вие немате право на таква поделба!“, ми се развика Томовски. Љубисав Иванов- Ѕинго беше тогашен претседател на ФФМ, но на негово големо чудо, не му побарав да ни додели „негов“ судија.

„Шефе, дај ни некој судија од Скопје. Само е битно реално да суди“. Ѕинго се изненади од оваа моја изјава.

Натпреварот го следев од главната ложа која беше поделена. Уште во ТВ дебатата реков: „Вардар нема шанса да даде гол“. Натпреварот заврши 0:0, па „Слога“ победи на пенали 4:3 и го освои Купот.

Судијата сепак несакајќи му помогна на тимот на „Слога“. Му прогледа низ прсти на центархалфот Бегановиќ, кој го повлече за дрес вардаровиот напаѓач додека одеше накај голот на „Слога“. Реално, за тоа се добива црвен картон.

Подоцна, судијата ни призна дека тоа го направил на своја рака. Од нас побара да му го вработиме синот.

По три години работа во „Слога“, мене ми беше доста. Земавме три титули- првак на Македонија и два купа. Кога на една српска телевизија, водителката ме праша: Што е вашиот најголем успех, одговорив дека тоа се годините кога бев директор на клубот.

ЕУРО 2020

Македонија