вторник, 18. февруари 2020. Вести денес: 81
home Занимливости

Друштвените игри ја подобруваат работата на мозокот

Друштвените игри ја подобруваат работата на мозокот

Друштвените игри како монопол, шах и асоцијации не се само изговор за да поминете цела вечер со друштвото затворени во соба, туку тие одлично влијаат на работата и го одржуваат нормалното функционирање на мозокот.

Кога е во прашање здравјето на мозокот, истражувачите дојдоа до заклучок дека тој станува поздрав со поинтензивно користење.

Најновите истражувања спроведени од експерти тврдат дека активностите кои бараат посериозна ментална ангажираност, како решавањето проблеми и загатки, му помагаат на мозокот да се заштити од деменција во подоцните фази од животот.

Истражувањата работеа на оваа теорија подолго време и докажаа дека постарите луѓе кои во текот на нивниот живот почесто играле друштвени игри имаат помала веројатност од боледување од психички болести во однос на постарите луѓе кои избегнувале играње на друштвени игри. Тоа беше покажано преку стандардни тестови кои ја одредуваат острината на мозокот.

Последното истражување опфати тестови на преку 500 постари личности во Велика Британија, кои беа подложени на тестови за интелигенција во времетраење од 11 години во континуитет.

Научниците дојдоа до заклучок дека истото важи за децата од најмала возраст, па затоа ги поттикнуваат родителите постојано да ги ангажираат нивните деца со друштвени игри.