вторник, 12. ноември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Дрогата им го спаси животот на криумчарите: Колумбиската морнарица налета на наркодилери кои преживеале бродолом (ВИДЕО)

Дрогата им го спаси животот на криумчарите: Колумбиската морнарица налета на наркодилери кои преживеале бродолом (ВИДЕО)

Колумбиската морнарица спаси од Тихиот Океан три лица кои се држеле за необичен сплав направен од 1,2 тони кокаин спакуван во пакети.

Тие спасот од океанот го пронашле така што се врзале за товарот што го превезувале откако доживеале бродолом покрај брегот на Колумбија, пренесува Дејли Мејл повикувајќи се на локални медиуми.

Се верува дека во вода поминале најмалку 3 часа опкружени со пакетите кои биле завиткани во црна амбалажа.

Видео снимката од мажите во вода, кои ја направија спасувачите, го покажува моментот кога ги извлекле од водата. Властите, како што се известува, потврдиле дека пакетите содржат 1,2 тони кокаин, а тројцата мажи се уапсени и приведени.

Според засега непотврдени информации, крајбрежната стража продолжува да го пребарува ова подрачје, зошто едно лице не е спасено во операцијата.

Колумбиската морнарица се наведува дека од почетокот на годината запленила 163 тони кокаин.