понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 71
home Занимливости

Дознала дека нејзиниот партнер ја изневерувал додека била бремена, од нејзината одмазда ќе му се “слоши“ на секој маж

Дознала дека нејзиниот партнер ја изневерувал додека била бремена, од нејзината одмазда ќе му се “слоши“ на секој маж

Бесната Џорџија Џексон одлучила да му се освети на својот партнер Џош Медок така што го продала неговиот “Xbox” преку Фејсбук за само четири долари, а го направила тоа затоа што тој ја изневерувал додека таа го носела нивното дете.

-Првиот кој ќе се пријави може да го земе за четири долари. Би го подарила, но ми треба нов кујнски нож бидејќи стариот ми е забоден во гумата на неговиот автомобил, напишала Џексон во објавата.

Конзолата “Xbox One” која Џорџија ја продала изнесува околу 240 долари, а таа во “пакетот” вклучила и слушалки во вредност од 50 долари и четири оригинални игри.

Џош ја изневерил уште во 2016 година кога тие биле во врска, и повторно минатата година додека таа го носела неговото дете – по стапувањето во брак.

-Тоа е големо предавство. Отсекогаш знаев дека би му го искршила неговиот “Xbox” ако нешто направи, но потоа сфатив дека повеќе ќе го испровоцирам ако го продадам. Сакав да го понижам, се чувствувам многу подобро откако ја објавив фотографијата за продажба. Иако тоа беше моја освета, не очекував волкава реакција на целата ситуација. Во секој случај, ми го скрши срцето и не се каам поради тоа што го направив, изјавила Џексон.

Коронавирус