среда, 14. април 2021. Вести денес: 15
home Занимливости

Доставувач фатил во раце девојче кое паѓало од 12-ти кат (видео)

Доставувач фатил во раце девојче кое паѓало од 12-ти кат (видео)

Имено, чекајќи да ја достави испораката, во еден момент погледнал во згадата и здогледал девојче како виси на ивиците од балкон на 12-ти спрат.

Нгујен Нгок Манх реагирал инстиктивно и веднаш истрчал од возилото, обидувајќи се да најде начин со кој ќе го спаси детето кое секоја секунда можело да падне во смрт.

Проценувајќи ја ситуацијата, човекот се качил на настрешницата во долниот дел од зградата, под местото на кое девојчето се обидувало да одржи рамнотежа.

Тоа не успеало, па во еден момент почнало да паѓа надолу. За среќа, мажот успеал да го фати детето во вистински момент, и паднало точно во неговите раце.

На снимката која се појави на социјалните мрежи, се гледа целиот ужас од она што можело да се случи и се слушаат вресоци од луѓето кои го набљудуваат тоа, но не можеле да помогнат.

„Слушнав како плаче дете, а потоа и некој како веска за помош. Кога погледнав низ прозорецот на автомобилот, имав што да видам – тоа девојче висеше над бездна од 50 метри! Излетав од возилото и почнав да размислувам како да му помогам. Се качив на два метри висока настрешница и во еден момент и самиот почнав да губам рамнотежа. Меѓутоа, успеав да се стабилизирам и детето во еден момент ми падна во раце“, раскажал тој за локалните медиуми.

Кога го фатил девојчето, сфатил дека му тече крв од уста и веднаш повикал Брза помош, која го сместила во болница.

„Не можев да размислувам за тоа што го направив. Штом видов како виси, помислив на ќерка ми и тоа ми даде сила“, рекол доставувачот, кој после херојскиот чин добил многу пораки за поддршка.

Коронавирус