сабота, 10. април 2021. Вести денес: 64
home Занимливости

Домашен тренинг што ги враќа сетилата за мирис и вкус по коронавирусот

Домашен тренинг што ги враќа сетилата за мирис и вкус по коронавирусот

Првиот симптом на коронавирус најчесто е губење на чувството за вкус и мирис. Состојба позната во медицината како асоманија.

Доктор Дејвид Росен, оториноларинголог во болницата при Универзитетот „Џеферсон“, објасни зошто се јавува губење на сетилата и како да се врати сетилото за мирис и вкус по закрепнувањето од ковид-19.

Ковид-19 е единствен вид на респираторен вирус со брзо влијание на нервниот систем. Доктор Росен вели дека ова значи дека вирусот лесно патува низ носот и се врзува за миризливиот нерв, кој е на врвот на носот и кој е одговорен за пренесување на сензорните информации во врска со мирисот до вашиот мозок.

– Генерално, луѓето можат да препознаат вкусови, како што се сладок, кисел, солен, горчлив, но ако не можете да почувствувате, не можете да разликувате нешто како цреши или грозје – вели д-р Росен, додавајќи дека повеќето луѓе имаат губиток на мирисот, што доведува до губење на чувството за вкус.

Како да го вратите чувството за вкус и мирис по ковид-19?

На интернет се појавија многу совети од луѓе кои се обидуваат да го вратат чувството за вкус со ароматична храна. Некои се обиделе да гризат кромид како јаболко. Иако некои од овие постапки изгледаат апсурдни, некои може да бидат и успешни. Доктор Росен вели дека за побрзо да се врати чувството за мирис, треба да се направи обука за мирис (олфакторен тренинг).

Олфакторниот тренинг ја користи невропластичноста на телото, а тоа е способност на телото да создава нови нервни патишта. Овие методи помагаат да се создадат нови нервни патишта.

Губењето на вкус и мирис е привремено

Ако имате ковид-19 или неодамна сте закрепнале, но сè уште ги немате сетилата за мирис и вкус, д-р Росен препорачува да започнете вежби за враќање на мирисот. Алфа липоидна киселина, додатоци на витамин А и стероидни спрејови за нос без рецепт може да бидат корисни. Олфакторниот тренинг лесно може да се направи дома и помага за враќање на сетилата.
Доктор Росен препорачува да мирисате лесно достапни предмети низ домот и полека да ги совладувате новите мириси. Добро е да започнете со мирисот на кафето, парфемот, цитрусите или различните видови есенцијални масла, а потоа да преминете на новите мириси. Нема негативни последици при спроведувањето на овие тестови, а податоците покажале дека им помагаат на пациентите побрзо да закрепнат.

Време на закрепнување

Времето на опоравување варира од пациент до пациент. Додека некои закрепнуваат во рок од неколку дена, на некои може да им требаат месеци за да закрепнат. Пациентите кои го изгубиле мирисот по коронавирусот може да имаат нуспојави на паросмија, така што кога ќе им се врати сетилото за мирис, работите може силно да мирисаат. Доктор Росен вели дека секој знак за мирис е добар знак за закрепнување. Тоа значи дека се случува неврорегенерација.

Коронавирус