четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 100
МЕГА БОМБА

АУДИО: Објавена нова бомба за Заев – „Маме ќе им e*aм на сите што ќе влезат кај мене во коалиција“

home Занимливости

Доктор Оз: “Ова е најдоброто што можете да го направите за вашата психа – потполно бесплатно”

Доктор Оз: “Ова е најдоброто што можете да го направите за вашата психа – потполно бесплатно”

Мехмет Оз, ширум светот познат како доктор Оз, открива што е најдоброто што можете да го направите за своето ментално здравје – и тоа потполно бесплатно.

“Најдоброто што можете да го направите за вашата психа да остане здрава е да преземете иницијатива. Не бидете пасивен играч во приказната на некој друг. Бидете главниот лик во својата приказна. Одлучете што сакате да направите и направете го тоа. Тоа не значи дека треба да бидете агресивни и непристојни, туку само да преземете контрола над својата судбина”, советува д-р Оз.

Познатиот доктор верува дека можете да научите како да ја контролирате судбината низ неколку едноставни навики. Тие навики можат да бидат нешто како станување во истовреме наутро и заминување во кревет во одреден период навечер. Таквата навика има неверојатен позитивен ефект врз менталното здравје на личноста.

Оз сугерира дека, на пример, недоволниот сон е најпотценуван проблем, особено помеѓу младите.

“Доколку спиењето е непотребно, со еволуцијата би исчезнала таа потреба. Спиеме затоа што мораме да спиеме. Спиењето помеѓу останатото го чисти нашиот ум. Во текот на сонот, мозочните клетки буквално се собираат, допуштајќи им на каналите помеѓу нив да се исчистат од токсините наталожени во текот на денот и целиот мозок да се регенерира”, објаснува д-р Оз.

Советот кој д-р Оз им го дава на своите деца
Славниот доктор не ги советува своите деца да работат напорно, туку тоа што го прават, да го прават мудро. А сè започнува од сонот. Помеѓу корисните навики тој ги вбројува и медитацијата, здравата исхрана и трудот работите кои немаат никакво влијание врз вашиот живот воопшто да не ве допираат.

“Наместо да правите работи кои се лишени од било каква креативност или уште полошо – работи кои не го поттикнуваат вашиот мозок целосно да се вклучи, подобро е да пронајдете некое креативно хоби. Мора да спиете и медитирате, тоа е мојот совет до сите вас. Јадете здрава храна која го стимулира мозокот и избегнувајте токсини. Не мислам само на лоша храна туку и на токсични работи и активности кои ви го одвраќаат вниманието од она што е навистина важно за вас и она кон кое тежнеете”, заклучува докторот.

Парламентарни избори 2020