петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 96
home Занимливости

Додека други собираат пари за лекување, таа бара за уживање- Маргарита Томовска со својот потег ги згрози сите

Додека други собираат пари за лекување, таа бара за уживање- Маргарита Томовска со својот потег ги згрози сите

„GoFundMe” е платформа на која луѓето главно се обидуваат да соберат пари за своите бизнис проекти или лекување во случај на тешка болест.

Меѓутоа, меѓу нив се нашла и Маргарита Томовска која покренала кампања во која бара 100.000 долари за себе затоа што тврди дека никој не сака да ја вработи.

За тоа ја обвинува полицијата, која како што вели таа, ја вознемирува откако минатата година ја бркала 10 килоемтри, бидејќи возела 200 килоемтри на час низ Нов Јужен Велс, додека нејзината ќерка седела на задното седиште од возилото без сигурносен појас.

Инаку, Маргарита е многу активна на друштвените мрежи каде често се фали со дизајнерска облека, луксузни автомобили, а објавува и фотографии од казина со жетони во вредност од неколку илјади долари.

*Знам дека вие ме знаете, но јас не сум лоша личност. Тие се лажговци и имаат нешто против мене без никаква причина и сигурна сум дека не сум единствена во таа ситуација. Поради се што измислија за мене, ограничени ми се правата да ја гледам ќерка ми. Многу ми отежнаа што се однесува до работата, затоа што никој не ме вработува поради сето ова. Затоа ја покренав оваа кампања, да соберам поддршка. Време е да возвратиме. Шот е многу, многу е – вели Маргарита.

Засега собрала само 175 долари.

Коронавирус