сабота, 15. август 2020. Вести денес: 72
home Занимливости

Доби повеќе следбеници на Инстаграм отколку што има жители неговата земја- овој човек стана хит поради српско-косовскиот спор

Доби повеќе следбеници на Инстаграм отколку што има жители неговата земја- овој човек стана хит поради српско-косовскиот спор

Аноу Дебао жителот на државата Науру која го повлече признанието на така наречената држава Косово најверојатно се шокирал кога за многу кратко време на својот Инстаграм профил добил повеќе следбеници него што има жители неговата земја.

Се започна пред неколку дена кога државата Науру која е островска држава во Тихиот океан недалеку од екваторот го повлече признанието за Косово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anou Debao (@anou.debao) on

Веднаш по оваа одлука една хумористичка српска Инстаграм страница ги повика своите следбеници да го заследат жителот на државата која не го признава Косово.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anou Debao (@anou.debao) on

-Овој жител на Република Науру Аноу Дебао има 36 следбеници. Дали Аноу може да има повеќе следбеници отколку жители во неговата земја. Да го направиме поголем инфлуенсер од инфлуесерите, стоеше нивната порака на Инстаграм.

По ова Аноу доби повеќе од 40 илјади следбеници, а според последниот попис во земјата во 2017 година неговата земја има 13.649 жители.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Anou Debao (@anou.debao) on

Коронавирус