четврток, 15. април 2021. Вести денес: 0
home Занимливости

До крајот на векот температурата на Арктикот може да се зголеми за 20 степени

До крајот на векот температурата на Арктикот може да се зголеми за 20 степени

Експертите од Институтот за нумеричка математика Марчук при Руската академија на науките предвидуваат дека емисијата на штетни гасови ќе ја зголеми температурата во Арктичкиот басен за 20 степени до крајот на векот, изјави денеска водечкиот експерт Евгениј Володин.

Научниците создадоа климатски модел, заснован на можни промени во атмосферата, океанот, почвата и вегетацијата, како и на густината на мразот во морињата, погодени од зголемените емисии на штетни гасови.

– Климатскиот модел ни покажува дека најголемото затоплување може да биде во Арктикот. Според песимистичкото сценарио, во кое загадувањето само би растело, до крајот на векот температурата на Арктикот може да се зголеми за 20 степени, рече Володин.

Дури и ако земјите преземат радикални мерки за укинување на тешката индустрија, не би било можно да се спречи зголемувањето на количината на воздух на Арктикот, додаваат руските научници.

– На пример, ако емисијата на штетни гасови се сведе на нула до 2050 година, поради сегашниот тренд на климата, температурата сигурно ќе се зголеми за два до три степени во 21 век, додаде Володин.

Просечната температура на Арктикот е меѓу минус 30 и минус 10, во зависност од регионот.

Најнови вести

Коронавирус