петок, 13. декември 2019. Вести денес: 124
home Занимливости

Директорот на Мекдоналдс доби отказ поради врска со вработена

Директорот на Мекдоналдс доби отказ поради врска со вработена

Американскиот синџир на брза храна Мекдоналдс го отпушти извршниот директор Стивен Истербурк поради интимна врска со вработена.

Директорот доби отказ бидејќи неговото однесување претставува кршење на политиката на компанијата.

Во електронската пошта која ја испратил во вработените, тој признал дека бил во врска со една вработена и дека тоа било грешка.

Мекдоналдс соопшти дека Истербурк ја прекршил политиката на компанијата која им забранува на менаџерите да имаат романтична врска со вработени. Компанијата не соопшти детали.