сабота, 20. октомври 2018. Вести денес: 76
home Занимливости

Девојче на училиште рекло дека нејзиниот татко одгледува “трева“, погледнете го расплетот на приказната (ВИДЕО)

Девојче на училиште рекло дека нејзиниот татко одгледува “трева“, погледнете го расплетот на приказната (ВИДЕО)

Дакс Холт се шокирал кога примил повик од учителката на својата ќерка Скајлар и дознал дека девојчето на училиште рекло дека “во нејзиниот дом се одгледува многу трева”.

Учителката по нејзината изјава се загрижила за состојбата во нивниот семеен дом, па за таа цел Дакс ја прашал својата ќерка што точно мислела под тоа дека “тој одгледува многу трева”.

Видеото го објавил на Јутјуб, а ситуацијата не можела да биде поинтересна од ова.

“Дали навистина си кажала на училиште дека дома одгледуваме многу трева?”, ја прашал Холт својата ќерка. “Да”, му одговорила таа.

“И што правиме ние со таа трева?”, продолжил таткото.

“Ја вадиме и ја фрламе на друго место”, објаснило збунетото девојче и на крајот му покажала на својот татко на која точно трева мислела.

Секако, Скајлар мислела на тревата во дворот од нивната семејна куќа, додека другите помислиле на марихуана.