четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Занимливости

Денешниот датум е посебен бидејќи носи моќ и чиста енергија: Каква симболика има осмицата?

Денешниот датум е посебен бидејќи носи моќ и чиста енергија: Каква симболика има осмицата?

Во нумерологијата осмицата има многу важно значење. Таа ја симболизира бесконечноста и означува бескрај од желби и соништа на нашата дуа. Таа е и број на моќта и свеста, така што овој датум 8.8 означува совршен ден за јакнење и чистење на енергијата.

Таканаречената Лавовска капија е отворена од 26.07 до 12.08, но 08.08 содржи најсилна енергија. Отворете го срцето за љубов, простување и добри емоции.

Кои добри работи ги носи денешниот ден?

Исцелување на срцето – многу рани ќе бидат зацелени.

Отворање на третото око – се зајакнува и интензивира интуицијата.

Ослободување на енергијата – енергијата се ослободува. Стекнуваме нова мудрост и се засилува нашето спиритуално знаење.

Силни енергетски вибрации – имаме визија и лесно можеме да ги оствариме своите цели и соништа.

Слобода – имаме силно чувство на слобода и сакаме да зборуваме и да ја слушаме вистината.

Врска со универзумот – лесно ги забележуваме сигналите, пораките и знаците на предупредување кои ни ги испраќа универзумот.

Мир – имаме енергија на мирот и исцелување на телото, умот и душата.

Креативност – неверојатна креативна енергија струи кон нас.