четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Занимливости

Децата кои цицаат палец и гризат нокти се поздрави?

Децата кои цицаат палец и гризат нокти се поздрави?

Ако вашето дете го цица палецот, сигурно сте слушнале еден куп ужасни приказни за тоа како може ова да им наштети на нивните заби, но истражување открило дека тоа има една позитивна страна.

Имено, се покажало дека децата кои го цицаат палецот и/или ги гризат ноктите имаат помала веројатност од развој на алергии подоцна во животот, односно дека се генерално поздрави од децата кои не го прават тоа.

Навиката за цицање палец може да се развие уште во матката, а подоцна може да го заштити детето од алергии на домашна прашина, нечистотии и влакна затоа што децата се изложени на бактерии уште од најрана возраст, а тие влијаат на нивниот имунолошки систем.

Професор Малколм Сеарс од МекМастер универзитетот во Канада вели дека ова откритие е во согласност со теоријата за хигиена според која раното изложување на бактерии може да го намали ризикот од развој на алергии подоцна во животот.

Истражувањето го спровел Универзитетот Отаго од Нов Зеланд, а резултатите се објавени во списанието Pediatrics. Набљудувани се навиките на 1037 лица од раѓање до возрасно доба.

Родителите пријавиле дека нивните деца имаат навика на цицање на палецот или гризење на нокти на возраст од пет, седум, девет и 11 години. Нивните деца имале помал ризик од развој на алергии, односно 38 отсто. Оние кои не го правеле тоа биле изложени на 49-процентен ризик, а децата кои го правеле и едното и другото имале ризик од само 31 отсто.

Значи, кога следен пат ќе го видите вашето дете да ги стави прстите во уста, знајте дека и од тоа има некоја корист.