понеделник, 5. декември 2022. Вести денес: 105
АКТУЕЛНО

Скопје БЛОКИРАНО, Данела Арсовска со СПЕЦИЈАЛЦИ се брани од СКОПЈАНИ и новинарските екипи

home Занимливости

Дали зборувате со вашите миленичиња? Продолжете, тоа е добро за вас

Дали зборувате со вашите миленичиња? Продолжете, тоа е добро за вас

Луѓето кои немаат домашни миленичиња често со чудење ги гледаат своите пријатели и роднини додека разговараат со своите животни.

Иако тоа им изгледа чудно, науката го потврдува сосема спротивното. Николас Еплеј, експерт кој се занимава со антропоморфизам тврди дека комуникацијата меѓу луѓето и животните е висок знак на човечката интелигенција.

-Низ историјата, антропоморфизацијата се сметала за знак на детиност или глупост, но тоа е во склоп со природниот биопродукт,односно онаа тенденција во која луѓето се паметниот вид на оваа планета, вели Еплеј кој инаку е професор по бихевиорални науки на Универзитетот во Чикаго.

Вели дека ваквото однесување може да се прошири и на други полиња. Дали некогаш ви се чини дека вашиот компјутер се однесува тврдоглаво или оти често е злобен кон вас? Според него, Таквите примери на атрибуција на човечки особени на предметите ја открива нашата едноставна интелигенција.

-Со векови нашата волја да го препознаеме мозокот во нешто што не е човек се третира како глупост и празноверие. Мислам дека оваа перспектива е погрешна. Ако успееме да препознаеме ум кај друг вид на животно или пак кај некој гаџет, тоа е рефлекција на нашата голема способност, а не глупост, заклучува Еплеј.

Коронавирус