среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 29
home Занимливости

Дали вежбањето со девојката дава подобри резултати?

Дали вежбањето со девојката дава подобри резултати?

Доколку сакате да ги намалите килограмите, помошта од личен тренер е секогаш добродојдена. Но, дали вежбањето со другарите или пак девојката може позитивно да влијае на вашата линија?

Во време кога скоро секој современ и активен човек има можност да ги користи фитнес справите за да го унапредува своето тело, дојдовме до следниот заклучок: полесно ќе ослабнете доколку вежбате со пријател, а уште подобро со девојката.

Околку 50 милиони корисници на MyFitnessPal ширум светот секојдневно активно ги следат распоредите за вежбање и исхрана, а сето тоа се претвара во датотеки кои се користат за истражувачки цели.

Она што аналитичарите го добиле како резултат е најдолготрајното истражување за здравствените навики на луѓето кои ја користат оваа апликација. Истражувањето е направено со цел да се откријат релациите помеѓу фитнес резултатите и социјалните интеракции (вежбањето со девојката и заедничкиот резултат) и начинот на кој си влијаат во губењето килограми.

Биле сумирани информации од 2200 корисници на апликацијата и воочено е дека најголемиот дел од нив го преферира вежбањето со девојката/пријателот (65% сметаат дека така е позабавно, 50% од нив биле помотивирани во текот на вежбањето, а 55% рекле дека друштвото е клучен фактор за да излезат од дома и да одат во теретана).

Според информациите кои се соберени во правата четвртина од 2014 година се заклучува дека луѓето кои вежбале во групи (двајца или повеќе) истрошиле 5 пати повеќе калории од луѓето кои вежбаат сами.

Коронавирус